Актуелно
Фрлени 280 тони сол на улиците во Скопје
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлиле 280 тони сол за расчистување на снегот од градските улици и булевари.
Како што соопштија од Град Скопје екипите на ЈП „Комунална хигиена“ денеска се на терен и го расчистуваат мразот од тротоарите, а екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги чистат шахтите и сливниците.
-Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, стои во соопштението на градот.
Од градот препорачуваат возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.