Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фронтекс наредната недела ќе дојде на грчко-македонската граница

Актуелно

Фронтекс наредната недела ќе дојде на грчко-македонската граница

Припадници на Фронтекс следната недела ќе бидат распоредени на границата меѓу Грција и Македонија, за да помогнат при регистрација и земање отпечатоци на бегалци и мигранти, соопшти портпаролката на Европската комисија за миграциски прашања Наташа Берто.

– Грција во петокот ни потврди две работи: едната беше финализирање на оперативен план со Фронтекс за распоредување на агенти на копнената граница со Македонија  – ова од следната недела, изјавила Берто за грчката новинаска агенција АНА-МПА.

Таа истакна дека Фронтекс ќе одлучи и ќе ја каже точната бројка на луѓе кои ќе бидат распоредени.

Во прилог на финализирање на оперативениот план со Фронтекс за грчко-македонската граница, Грција, исто така, го активира механизмот на Тимот за брза гранична интервенција (РАБИТ)  за егејските острови, додаде Берто.

– Фронтекс има пет дена да донесе одлука и да го финализира планот, така шт и ние уште чекаме, рече таа.

Во врска со луѓето кои не сакаат да аплицираат за азил во Грција или Македонија, туку сакаат да го продолжат своето патување на север, Берто наведе дека „ако државјанин на трета земја на граница не побара азил во таа земја, може да му биде одбиен влез“,според Женевската конвенција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.