Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ГДП догодина нема да се поднесува ако се направи е-регистрација во УЈП

Вести

ГДП догодина нема да се поднесува ако се направи е-регистрација во УЈП

Физичките лица кои во текот на 2017 година оствариле дополнителни приходи, покрај плата и пензија, треба до 15 март да поднесат Годишна даночна пријава (ГДП) до Управата за јавни приходи.

Од следната година ќе добиваат пополнета даночна пријава и не треба да поднесуваат ГДП како годинава, но за таа цел во текот на оваа година треба да се регистрираат во електронскиот систем на УЈП за персонален данок на доход.

Од УЈП на денешната прес-конфернција апелираат до граѓаните и навреме да ја поднесат ГДП годинава за да не се создаваат гужви во последните денови, но и да се регистрираат во електронскиот систем за да може следната година да се одвива целиот процес без проблеми кога УЈП ќе треба да ги испрати пополнетите годишни даночни пријави, бидејќи бројот на лица кои поднесуваат

Бројот на физички лица кои поднесуваат годишна даночна пријава изнесува околу половина милион. Лани се поднесени 439.685 годишни даночни пријави, а и годинава се очекува толкава бројка.

– Досега за остварени приходи во минатата година имаат поднесено 2.300 лица во хартиена форма и поднесени се 120 електронски годишни даночни пријави, рече Мухамед Авдиќ од УЈП апелирајќи до граѓаните да ги поднесат ГДП.

Од УЈП со апел и да почне и регистрацијата на електронскиот систем според новиот законски прописи, бидејќи првите пресметки треба да се поднесат до 10 февруари.

Весна Новаковиќ портпарол на УЈП истакна дека со  новините се поедноставува постапката, а регистрацијата е едноставна.

Регистрирацијата се врши во системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk заради пријавување на приходите и задолжително поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи. Единствен услов за регистрација на системот е да оној што се регистрира да има валидна е-пошта, која ќе биде корисничко име за најава на системот е-пдд.ујп.гов.мк и ќе служи за комуникација со Управата за јавни приходи. На најавната страна на системот е-Персонален данок има дел за регистрација на нов корисник на системот, во кој треба задолжително да се внесат идентификациските податоци.

Врз основа на внесените податоци, автоматски се генерира Барањето за регистрација на системот е-Персонален данок, кое треба да се  испечати и да се поднесе лично во надлежната даночна канцеларија на УЈП. Службено лице од УЈП ќе ја верифицира  регистрацијата на системот е-Персонален данок истиот ден, по што треба да се најавите на системот.

Елена Петрова од УЈП на прес-конференцијата истакна дека досега се поднесени 32.496 електронски пресметки за кои целосно се генерирани налози за 17.828 и во фаза на потпишување се 3.301.

Во системот се регистрирано 21.000 физички лица, меѓу кои се и оние кои претходно биле регистрирани во системот е-даноци.

Електронска пресметка поднесуваат граѓаните за приходи од издавање на имот на друго физичко лице до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот или по месецот на издавање. Во случај на склучен договор за цела година, се поднесува електронска пресметка (е-ППД) за цела година, односно за времетрањето на закупот.

Се поднесува електронска пресметка и за капитални добивки од продажба на хартии од вредност, недвижен имот и учество во капиталот до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата или во кој е заверен договорот за купопродажба. До 10-ти во месецот треба да се поднесе електронска пресметка и за приходи од странство остварени во претходниот месец, лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет и за кои даночниот обврзник сам го утврдува и уплатува данокот и други приходи остварени со е-трговија преку специјализирани интернет страни, приходи од интернет маркетинг услуги, приходи остварени со продажба на корисен цврст отпад, исплатите на име специјализации, постдипломски студии.

Опфатени се за пријавување и приходите од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.