Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Герила акција на УНДП во центарот на Скопје (ФОТО)

Актуелно

Герила акција на УНДП во центарот на Скопје (ФОТО)

Десет маскирани лица трчаа на 5-километарската трка и притоа означија дека без разлика на полот, секој има еднакви шанси да биде победник на маратонот или пак на било која трка во животот.

На мистериозните учесници им се придружија и две познати лица од македонската јавност, кои дури по завршувањето на 5-километрската трка ги открија свои идентитети пред присутните. Познатиот ТВ водител, Марко Новевски и најдобрата кошаркарка на Република Македонија за 2015-та година, Едина Муса, ги изненадија илјадниците граѓани кои беа сведоци на овој спекаткл кој за прв пат се случува во историјата на Скопскиот маратон во Македонија.

IMG_5404

– „Сакам да им честитам на сите што одлучија да трчаат, без разлика дали веќе ја завршија 5 километарската трка или сè уште се пробиваат по подолгите патеки. Трчањето на долги патеки, како што сите знаеме бара посветеност и упорност – а истото е потребно и за родовата еднаквост. Борбата за еднакви права помеѓу мажите и жените е маратон од историски пропорции. Иако остваривме добар напредок кон оваа цел, сè уште ни преостанува многу за одење. Сметаме на вашата поддршка за да стигнеме до финишот. Во име на Обединетите нации и на ЕУ ви благодариме на сите што ни се приклучивте во овие напори“, изјави Луиза Винтон, Постојан координатор на ОН во Република Македонија.

Како дополнување на овој хепенинг кој предизвика вистинско воодушевување на плоштадот Македонија, беше и слетувањето на падобранот на кој се вееше знамето на 5-та глобална цел, а воено и симболот на Родовата еднаквост.

DSC_0114

Влегувањето на целта на 12-те маскирани тркачи беше попратено и со 20-те млади подржувачи кои со инспиративни и оптимистички пораки за Родовата Еднаквост ја подржаа целата невообичаена активност која ќе остане запаметена во годинешното издание на маратонот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.