Вести
ГО ПРОМЕНИ ПОЛОТ: Маж стана жена со операција која за прв пат се изведе во Македонија
За прв пат во Македонија во Клиничката болница „Аџибадем систина“ во Скопје беше извршена операција за промена на пол, со која 33-годишен Македонец од маж стана жена.
Во операцијата комплетно биле отстранети машките и направени женски генитални органи.
Операцијата ја водеше професорот Мирослав Џорџевиќ од Белград, кој има изведено повеќе 1.000 операции за промена на полот.
Пациентот ќе функционален женски орган, ќе може да има нормални сексуални односи како жена и ќе може нормално да мокри како жена. Во делот на естетиката се направени сите оние естески зафати од правење на вагина, клиторис, големи и мали усни.
Инаку, денешниот маж кој стана жена е петтиот македонски пациент кај кој промената на полот ја правел професор Ѓорѓевиќ.
Ѓорќевиќ досега има направено околу 2000 вакви интервенции од кои 1300 се од жена во маж.
Операцијата беше во рамки на првиот симпозиум за генитално реконструктивна хирургија во Клиничката болница „Аџибадем систина“ на кој учествуваат доктори од целиот регион, а предавачи се доктори од целиот свет.