Актуелно
Голема „After school“ забава во среда: Се отвора најзабавниот аква-парк во градот
Аква-паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ под полна пареа се подготвува за третата сезона.
На 10-ти јуни, среда, ќе се случува големо отворање на најзабавниот парк во градот, Аква Парк кој е среќа за сите големи и мали.
Големата After School Party ќе се случува во среда, 10-ти јуни, точно на пладне, каде што ќе Ѕвони од насмевки, џагор, смеа, забава и мнооогу изненадувања. Сите правци ќе водат кон местото кое во текот на целото лето ќе лади и освежува, забавува и изненадува.
Посетителите и оваа сезона ќе можат да користат некој од десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река. Аква-паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот. За безбедноста на посетителите и годинава ќе се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.
Билет за Аква Парк ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30%.
Во рамки на аква-паркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.
10 јуни, точно на пладне, сите правци ќе водат кон Аква паркот во Спортскиот Центар Борис Трајковски на After School Party.