Вести
„Голема Богородица“ е неработен ден – остануваат уште три неработни дена до крајот на годината
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 август 2018 година (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.
До крајот на годината преостануваат следните неработни дена:
Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година
За сите граѓани на РМ
• 8 септември (сабота), Ден на независноста
• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.