Актуелно
Голема крводарителска акција за празникот Голема Богородица
Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, на 28.08.2015 година, по повод големиот христијански празник „Голема Богородица“, ќе ја реализираат традиционалната крводарителска акција, која оваа година е тринаесетта по ред.
Акцијата ќе се одржи во Домот на АРМ од 09.00 до 15.00 часот.
Карактеристично за оваа акција е што секоја го надминува сопствениот рекорд на дарувани единици крв. Мината година на акцијата се одѕваа повеќе од 300 граѓани, од кои 286 даруваа крв.