Вести
ГРАБЕЖ ВО НЛБ БАНКА: Вработен украл 2 милиони франци и 270 илјади евра од трезорот
Четириесет годишен вработен во НЛБ банка, вчера попладне го ограбил трезорот на банката.
Случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот во 16:58 часот.
Од полицијата информираат дека вработението Б.С. од трезорот одзел 2 милиони франци и 270.000 евра, ги ставил во ќеса и без да биде забележан излегол од банката.
Полицијата трага по лицето.