Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Град Скопје ги пориби водите на Вардар

Актуелно

Град Скопје ги пориби водите на Вардар

Во организација на Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат и Министерсвото за животната средина и просторно планирање, денеска во водите на реката Вардар, кај хотелот Александар Палас, беа пуштени 1.500 парчиња македонска ендемична пастрмка (Salmo macedonicus Karaman,1924).

Одделението за туризам, при Секторот за ЛЕР, во своите – Програми за развој на туризмот и подобрување на условите за престој на туристите на градот Скопје од 2008, до 2016 година, ја предвидува и реализира -Активноста-Порибување на водите во Р. Македонија, односно водите на реката Вардар и Треска и езерото Матка.

Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак. Доколку ова не се направи постои реална опасност засекогаш да се изгубат овои специфични видови риба, наше природно богатство и наш симбол.

Исто така, проектот ќе придонесе за заштита на македонската пастрмка како дел од богатото природно наследство, збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов, подигање на свеста кај јавноста, зајакнување на улогата на туризмот и учество на заедницата во туристичките активности со цел да се воспостави економски возможен, одржлив и локално базиран еколошки туризам.

На порибувањето присуствуваа претставници од Град Скопје, од Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат и претставници од Министерсвото за животната средина и просторно планирање.

По завршувањето на активностите за оваа година се планира проектот да продолжи и идната година и тоа со поголема масовност и вклученост на еден поширок регион.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.