Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Град Скопје ќе додели по 3.000 евра за семејствата на загинатите во невремето

Актуелно

Град Скопје ќе додели по 3.000 евра за семејствата на загинатите во невремето

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница донесе одлука на семејствата на жртвите од невремето кое го зафати синоќа скопскиот регион да им биде исплатена еднократна парична помош од 180 илјади денари. 

На седницата која започна со едноминутно молчење за загинатите во невремето, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ги презентира мерките и активностите преземени од градските власти за справување со последиците од елементарната непогода. Тој истакна дека најпогодена од невремето е општина Гази Баба каде има 20 жртви, а штети се пријавени и во општините Кисела Вода и Аеродром.

– За дваесетина минути наврнаа 93 литри на метар квадратен. Тоа е како водена бомба да падна врз градот Скопје.  Дождот затече многу луѓе на поле, на пат и на обиколницата…Невремето однесе дваесетина жртви. Сочуствуваме за загинатите и се надеваме дека нема да има нови жртви, рече Трајановски.

Тој рече дека Град Скопје веднаш интервенирал на критичните точки во градот, а со градоначалникот на Гази Баба се упатиле кон најпогодените места во таа општина, но не можеле да се пробијат поради обилните дождови. Во справувањето со невремето имале голема помош од МВР и од АРМ кои интервенирале со џипови, хермелини и камиони, а била ставена во функција и сета механизација на јавните претпријатија на град Скопје.

Трајановски информира дека за помош на населението направен е прифатен центар во СУ „Панче Арсовски“, каде се згрижени околу илјада лица чиишто куќи биле оштетени. Пунктови за дистрибуција на храна, вода и облека се отворени и во ОУ „Наум Наумовски Борче“ и во ОУ „25 Мај“.

Инаку, и денеска механизацијата на јавните претпријатија е вклучена во расчистување на улиците. Помош за справување со последиците од поплавите пристигнала и од повеќе општини во државата.

Трајановски најави дека претставници од градот Скопје и од Владата ќе бидат делегирани во комисија за проценка на штетите што ќе ја формира општина Гази Баба. Денеска во 16:30 часот е закажана и вонредна седница на Владата на која ќе присуствуваат и претставници на сите институции кои беа вклучени во санирање на последиците од невремето.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.