Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Град Скопје со препораки до граѓаните поради аерозагаденоста

Вести

Град Скопје со препораки до граѓаните поради аерозагаденоста

Граѓаните да користат јавен превоз, да го сведат своето движење на отворен простор на неопходни излегувања, малите деца, бремените, хронично болнните и постарите да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува. 

Ова се дел од препораките што Градот Скопје денеска ги упати до граѓаните поради загадувањето на воздухот во Скопје во пет последователни денови.

Од Градот Скопје се препорачува автомобилите да не се користат без поголема потреба и  во нив да се возат повеќе лица истовремено.

Меѓу препораките се и почитување на сообраќајната сигнализација за движење на тешките товарни возила низ градот и да не се користат камионите доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови.

Граѓаните, исто така, се повикуваат  да користат суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци и при затоплување да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси  како отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали. Се препорачува редовно чистење на оџаците, печките да се користат и одржуваат според упатството на производителот и да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови.

Се предупредуваат граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично со кои се загадува воздухот во просториите. Раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително треба да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада. Стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да одбегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина и Инспекторатот на Град Скопје,

Град Скопје информира дека продолжува во континуитет со своите редовни активности во насока на намалување на загадувањето на воздухот и ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот, што е заедничка потреба и цел кон која сите заедно треба да се стремиме.

– Настанатата состојба е резултат на загадувањето на воздухот, но, пред се, на стабилната временска состојба, карактеристична за скопската котлина во студениот дел од годината, заради што Градот Скопје е во редовен и постојан контакт со Управата за хидрометеоролошки работи  и за секоја настаната промена на состојбата редовно ќе ја известува јавноста, истакнуваат градските власти.

Препораките се во согласност со известувањата од Министерството за животна средина и просторно планирање за нарушениот квалитет на амбиентниот воздух заради надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10) во текот на пет последователни денови, а врз основа на Одлуката за алармантни состојби на квалитетот на воздухот на подрачјето на градот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.