Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Градот Скопје се подготвува за новогодишните празници

Вести

Градот Скопје се подготвува за новогодишните празници

Новогодишен базар што ќе трае 15 дена, а во текот на викендите приредби за најмладите, но и концерти, забава и рекреација за возрасните, предвидува Град Скопје за претстојните новогодишни празници.

Проектот е замислен преку изведба на штандови наполнети со топли пијалпци, храна, книги и новогодишни играчки и украси да ја долови и доближи соодветно новогодишната еуфорија.

За таа цел, како што објаснуваат од Градот, преку оградена снежна зона со вештачки снег ќе се забавуваат најмалите посетители. Ќе биде поставено и пластично игло каде што ќе има различни активности додека траат настаните, вклучувајќи и работилници за деца од претшколска возраст. Децата ќе можат да се возат бесплатно на новогодишното вовче низ штандовите.

Градот ја избра компанијата „Проивент солуции“ ДООЕЛ Скопје  а вкупната вредност на овој договор изнесува 6.000.000 денари.

Од Град Скопје информираат дека од аспект на украсувањето, тендерската постапка за компанијата што треба да го работи тој дел е во завршна фаза сега е избрана само компанијата што ќе биде ангажирана за културно-музичката програма за новогодишниот период. Според нив, овој проект претставува продолжување на традицијата на старо Скопје каде што некогаш Новата година ја пречекувале сергии односно тезги преполни со новогодишни занимливости.

Пред извесно време градоначалникот Петре Шилегов на седница на Советот, најави дека оваа година ќе организира дочек на Новата година.

– Оваа година ќе има прослава, знам и кој ќе пее и се ќе биде подготвено. Ќе го видите Скопје како никогаш досега, бидејќи скопјани го заслужуваат тоа – изјави градскиот татко.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.