Актуелно
Градскиот штаб за заштита и спасување активиран – екипите на готовс
Град Скопје соопшти дека по првиот земјотрес што го потресе главниот град изутрината во 6:58 часот, веднаш е активиран Градскиот штаб за заштита и спасување.
– Веднаш се мобилизираа екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и екипите на сите градски јавни претпријатија. Притоа, реализирани се поголем број на интервенции. Градскиот штаб за заштита и спасување во континуитет ја следи состојбата на терен и доколку има потреба соодветно ќе интервенира, се вели во соопштението од Град Скопје.
Градските власти упатуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси што може да се преземе на следниот линк: http://www.dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf .