Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Груевски: „Ова не е македонско-албански судир, туку судир на лица кои не и сакаат добро на државата“

Актуелно

Груевски: „Ова не е македонско-албански судир, туку судир на лица кои не и сакаат добро на државата“

Македонската полиција изведе високо професионално патриоска и херојска акција со која успеа да ги неутрализира терористите кои планираа масовни убиства во Македонија со цел нејзина дестабилизација, изјави попладнево премиерот Никола Груевски. 

Во досега најтешката, најсложената и најкомплицираната операција на полицијата,  наведе Груевски, животот го загубија осум полицајци, кои со нивните колеги полицајци спречиле убиства можеби на осум илјади луѓе.

Премиерот изрази сочувство  до семејствата на загинатите полицајци Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Арангеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски. – Нивниот патриотизам и херојство ќе биде пример и водилка на многу наредни генерации. Нивната жртва нема да се заборави, рече Груевски.

Најголем дел од повредените 37 полицајци, кои ги посетил синоќа низ скопските болници и клиники, се со полесни повреди, а лекарите го увериле дека тие брзо ќе се вратат кај своите семејства и блиски, како и на своите работни задачи.

Упати благодарност до сите  припадници  на МВР, лекарските тимови и сите кои помогнале, како и до сите граѓани од сите етникуми и вери во државава кои, како што рече, покрај големиот гнев и болка ја задржаа присебноста и самоконтролата и не повлекоа чекори со кои дополнително ќе ја усложнеа и така крајно сложената состојба. Граѓаните Албанци, потенцира премиерот, не наседнале на провокациите од многуте шпекулации и невистини објавени од некои медиуми и поединци, а терористите не добиле поддршка од нив.

Упати порака дека ова не е македонско-албански судир, туку судир на лица кои не и сакаат добро на државата и на нејзините граѓании, на лица кои ја чуваат државата, Уставот и уставниот поредок и безбедноста на сите граѓани во неа. Нивното дејствување носи само штета како за Македонците, така и за Албанците во Македонија и во регионот, рече Груевски.

Тој потенцира дека на 30-те терористи кои се предадоа ќе им се суди според македонските закони и пред македонските судови,   мотивите и целта на терористичката група ќе бидат предмет на натамошна истрага.

– Околу 30 терористи приклештени од одлучноста и од одлучната и професионална акција на полицијата по повеќечасовен отпор безусловно се предадоа излегувајќи со бели знамиња од нивните позиции каде што беа утврдени. Истите се уапсени и ќе бидат изведени пред суд и ќе им се суди според македонските закони и пред македонските судови. Засега се пронајдени тела на 14 лица за кои се претпоставува дека се припадници на терористичката група и на чие идентификување се работи во моментов. Но, увидот на терен се уште не е завршен, рече Груевски.

Од првичните сознанија, додаде, запознаен сум дека значаен дел од групата се лицата кои неодамна го извршија терористичкиот напад на полицискиот објект кај Гошинце и првичните информации укажуваат и дека дел од лицата се учесници во неколку конфликти досега, делумно во овој регион, а делумно на Блискиот Исток што укажува дека се лица со огромно искуство за герилско и терористичко војување и се сметаат за најопасна терористичка група на Балканот.

– Нивната цел и мотив ќе бидат предмет на натамошна истрага, а во тоа веруваме дека од голема помош ќе биде и големиот број предадени и уапсени лица. Едно е сигурно дека барем една од намерите беше дестабилизација на Македонија, рече Груевски.

Од првичните сознанија, запознаен сум дека значаен дел од групата се лицата кои неодамна го извршија терористичкиот напад на полицискиот објект кај Гошинце и првичните укажуваат и дека дел од лицата се учесници во неколку конфликти досега, делумно во овој регион, а делумно на Блискиот Исток што укажува дека се лица со огромно искуство за герилско и терористичко војување и се сметаат за најопасна терористичка група на Балканот.

Премиерот порача дека сите кои размислуваат да и нанесат зло на државата и народот ќе завршат како терористичката групаци.

– Македонија има сила да продолжи и да чекори напред и да напредува. Ваквите лица и настани нема да ја одвратат Македонија од нејзиниот зацртан пат кон стратешките цели на државата и на сите нејзини граѓани. На сите оние кои размислуваат да и нанесат зло на државата и на народот им порачувам дека ќе завршат како оваа терористичка групација во 28-те часови, рече Груевски.

Најави дека на лицата чии домови вчера им беа оштетени заради акцијата на полицијата освен првичната хуманитарна помош ќе им биде извршена финансиски надомест по извршената проценка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.