Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Груевски: Политичката криза решена, во април ќе оствариме историска победа

Актуелно

Груевски: Политичката криза решена, во април ќе оствариме историска победа

Предвремени парламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 24 април следната година. Сто дена пред изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира привремен премиер, што ќе биде системско решение и за сите наредни избори. СДСМ се враќа во Парламентот на 1 септември и ќе предложи технички министер за внатрешни работи, а ќе се избере и нов јавен обвинител.

Премиерот Никола Груевски презентирајќи го постигнатиот договор на повеќечасовната средба на партиските лидери со посредство на еврокомесарот за  проширување Јоханес Хан денеска изјави дека политичката криза во Македонија е решена, преговорите завршиле успешно со договор за избори и оти тој е задоволен од постигнатиот договор.

– Политичката криза во Македонија е решена, европските перспективи на Република Македонија остануваат отворени, а  економијата се ослободува од наметнатите стеги од политичката криза и ќе продолжи да расте, што значи нови работни места и  нови инвестиции, рече Груевски, заблагодарувајќи се на сите кои помогнале во целиот процес, пред се на претставниците на ЕУ, на САД, тројцата европратеници и особено комесарот Хан.

Премиерот Груевски појасни дека согласно постигнатиот договор, како системско решение  отсега  па за сите  наредни парламентарни избори 100 дена пред сите парламентарни избори  Владата ќе се повлече и ќе се формира  Влада за спроведување на изборите. Во нашиот случај, посочи, ова ќе значи дека ВМРО-ДПМНЕ  ќе номинира привремен премиер  за периодот од 100 дена почнувајќи од 15 јануари  2016 година до изборите кои  ќе се одржат на 24 април 2016 година.

– За да неможе некој да има алиби и изговори за резултати од изборите се согласивме  почнувајќи од 20 октомрви па до изборите СДСМ во претходна консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да даде предлог за технички министер за внатрешни работи што значи личност  која на никој начин не се поврзува со ниту една политичка партија, изјави Груевски.

За  од 20 октомври, како што рече, е отворена можност СДСМ да предложи министер за труд  и социјална политика. Истовремено и во двете министерства ВМРО-ДПМНЕ ќе именува свои заменици со право на увид и вето за сите прашања поврзани со изборите. Такви заменици министри ќе бидат номинирани од страна на СДСМ во министерствата за финансии,  за земјоделство и за информатичко општество и администрација. Сите други сегашни министри на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Груевски, ќе останат во Владата до денот на изборите.

– За да немаат изговори и да се зголеми довербата во една крајно политизирана атмосфера договорено е до 15 септември годинава да се избере обвинител кој ќе ги води истрагите околу прислушкуваните  комуникации кој треба да биде  избран во согласност со сите четири политички партии, рече Груевски.

Граѓаните, порача, треба да бидат спокојни затоа што не познаваат  во изминатите девет години преку работата и делата, преку одлуките и решенијата и преку испорачаното од наша страна на дадените ветувања.

Според Груевски, СДСМ во изминатиот период и во текот на денешениот ден правеле максимални напори да не успее договорот од 2 јуни и да нема избори во април.

– Ова од причина што  тие се свесни дека во април ќе ги загубат изборите и се свесни дека народот не им дава поддршка  особено не на овој начин со кој се обидуваат да дојдат на власт ставајќи ги личните и партиските  интереси  пред интересите на државата и народот и со користење интриги и манипулаци, нагласи Груевски, истакнувајќи оти СДСМ денес била приклештна да не може да избега од избори во април 2016, а ВМРО-ДПМНЕ  преговарале самоуверемено и не им дозволуле ни најмал простор  да избегаат од изборите.

ВМРО-ДПМНЕ и  јас како нејзин претседател како и секогаш досега интерсите на  државата и на народот ги ставивме пред личните и пред партиските интереси, рече претседателот на Владата.

Мнозинството граѓани во април следната година, посочи,  повторно ќе дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.  Тоа, како што рече, ќе биде историска поддршка и победа затоа што  никогаш не ги изневериле граѓаните кои знаеле дека тоа е тимот кој носи напредок и успех за Македонија, нови работни места,  инвестиции, поголеми пензии и плати, земјоделски субвенции, стабилност во државата и европска и евроатлантска перспектива.

– Водилка во денешните разговори денес беше Македонија и нејзиниот народ. Македонија не познава добро и  нас и нив и ќе одбере мудро и согласно принципите и вредностите во кои веруавме. Сигурен сум дека на 24 април народот најмасовно досега ќе ни ја даде поддршката, истакна премиерот Груевски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.