Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ХАН: Вратите на ЕУ се отворени, одлуката зависи од вас

Вести

ХАН: Вратите на ЕУ се отворени, одлуката зависи од вас

Вратите на Европската унија за Македонија се ширум отворени и од вас зависи дали тоа ќе го искористите или не. На вас е да одлучите за иднината на вашата земја, порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан, кој во Скопје официјално го означи почетокот на процесот на скрининг и подготовки за старт на преговори за членство во Европската унија во јуни 2019 година. 

Вратата кон ЕУ, рече Хан, е ширум отворена благодарение на реформските приоритети на кои работеше Владата измината година, но и на постигнатите договори за добрососедство со Бугарија и за името со Грција.

– Народот покажа отпор и издржливост, станавте земја за пример во регионот и модел како и останатите да ги решаваат своите билатерални проблеми, рече Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Спогодбата со Грција, додаде, е придонес за просперитет, мир и стабилност не само во Македонија, туку и за цел регион.

– На вас е да одлучите за иднината на вашата земја, на еден слободен и суверен начин. Граѓаните треба да ја донесат конечната одлука, да го искористат своето демократско право и да учествуваат на претстојниот референдум, истакна Хан.

Тој го поздрави добивањето покана за членство во НАТО, истакнувајќи дека тоа ќе значи повеќе сигурност безбедност и просперитет за граѓаните на Македонија.

Владата на денешната седница, на која присуствуваше и Хан, донесе одлуки со кои започнува скрининг процесот за подготовка за почеток на пристапните преговори со ЕУ. За главен преговарач е назначен вицепремиерот за евроинтергации Бујар Османи, а за технички преговарач советникот на премиерот Бојан Маричиќ.

–  Денеска со еврокомесарот Хан ги дефинираме следните чекори на скрининг и подготовка за преговори. Утврдивме заедничка динамика на преговорите со поставување на структурата за преговори од наша и од нивна страна. Денеска Хан го претстави начелниот план за скринингот, а ние донесовме заклучоци, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конфренција со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Владата го задолжи СЕП заедно со МНР со крајот на јули да подготват предлог концепт за преговорите со ЕУ.

Заев нагласи дека преговорите со ЕУ се историска задача и врвен приоритет.

– Затоа испраќаме порака дека процесот ќе го раководи Владата, но во него ќе учествуваат и Собранието, опозицијата, судството, граѓанското опшетство… Македонија оди напред, порача премиерто Зоран Заев.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.