Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

И денеска ќе биде нестабилно со локален пороен дожд

Вести

И денеска ќе биде нестабилно со локален пороен дожд

Вкупно 71 литар на метар квадратен дожд наврна изминатите 24 часа во Гевгелија, информира УХМР.

По еден литар се измерени во Дојран, Охрид и Струмица, два во Пожаране и Тетово, четири во Крушево, Крива Паланка, Ѓуриште и Демир Капија, пет во Штип и Тополчани, осум во Виница, девет во Куманово, 12 во Прилеп, 14 во Скопје – Зајчев Рид, 16 во Берово и 26 во Скопје – Петровец.

До 8:30 часот утрово најниска е температурата во Лазарополе, осум степени, додека највисока е во Дојран и Гевгелија, 17 степени. Останатите темепратури се движат од 10 во Маврово, 11 во Претор и Крушево, 12 во Охрид и Пожаране, 13 во Битола, Ѓуриште, Тополчани, Прилеп и Крива Паланка, 14 во Берово, Дебар и Виница, 15 во Тетово, Скопје и Куманово, до 16 степени во Демир Капија, Штип и Струмица.

Засега времето е сончево со мала до умерена облачност. Како што соопшти УХМР, повеќе облаци има во североисточните делови. И во текот на денот се очекува слично време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од јужен правец. Темепеартурата ќе се движи од 24 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец и температура до 29 степени.

Според УХМР, локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет ќе има до среда во попладневните часови, а стабилизирање на времето се очекува од четврток, кога ќе дува засилен северен ветер.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.