Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

И двете партии слават победа, ДИК денеска ќе ги соопшти мандатите

Вести

И двете партии слават победа, ДИК денеска ќе ги соопшти мандатите

ДИК денеска треба да соопшти освоените мандати по партии. Резултатот меѓу двете коалици е тесен, ВМРО ДПМНЕ има мала предност, пренесува Дојчевеле.

Државната изборна комисија денеска треба да ги соопшти освоените мандати по партии. Според преку 99% од преброените гласови,

ВМРО-ДПМНЕ засега има 452.709 гласа, а Социјалдемократскиот сојуз има 436.439, со што разликата меѓу двете партии се сведе на 1,37 отсто.

Според бројот на гласови на трето место е ДУИ, со 86.812 гласа, четврта е Беса со 57.927, а петта ДПА со 31.017.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски најави дека бројот на освоени мандати ќе биде објавен денеска.

Синоќа лидерите и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев прогласија победа.

„Во моментов опозицијата предводена од СДСМ заедно со граѓаните има еден мандат повеќе”, изјави пред полноќ лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прославата пред Владата.

„Ги чекаме резултатите, но во моментот водиме со еден мандат повеќе. Падна режим со пенкало, со глас. Победи животот”, рече Заев пред приврзаниците.

„Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ”, соопшти половина час по полноќ партискиот лидер, Никола Груевски, и им се заблагодари на сите граѓани кои гласале на изборите, а посебно на оние кои гласале за неговата партија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.