Вести
И Путин скокаше по крстот
Рускиот претседател Владмир Путин (65) скокна во ледената вода на езерото Селигер, во чест на православниот обичај за празникот Богојавление.
Путин, на температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.
Секоја година православните христијани традиционално пливаат во реките и езерата со цел да го фатат крстот во знак на сеќавање на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.