Актуелно
ИД презеде одговорност за нападот во Ница
Екстремистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот во Ница, при што загинаа 84 луѓе, а над 200 се повредени.
Претходно, француската полиција соопшти дека утрово во Ница се уапсени три лица под сомнение дека биле поврзани со напаѓачот.
Полицијата се обидува да разјасни дали 31-годишниот Мохамед Булел од Тунис, сам дејствувал или имал соучесници и дали неговите мотиви се поврзани со радикалниот ислам.
Вчера е приведена и неговата поранешна сопруга.