Актуелно
Илјадници граѓани протестираат пред Владата
Насловната фотографија е преземена од Радио Слободна Европа
Голема група граѓани изреволтирани од содржината на последната бомба на СДСМ попладнево протестира пред Владата на Република Македонија.
Граѓаните спонтано почнаа да се организираат преку социјалните мрежи, неколку часа откако СДСМ објави снимени телефонски разговори со кои ја обвини власта дека го прикрила убиството на ова младо момче.
Протестот ескалираше откако дел од присутните предводени од семејството на Нешковски, ја прескокнаа оградата и се обидоа да влезат во владата, каде се одржуваше прес-конференција на Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Голем дел од знамиња пред Владата се спуштени на пола копје, во знак на жалост за починатото момче, а еден од полицајците, кој беше дел од кордонот, ја симна својата униформа и се придружи кон толпата. Во моментов, граѓаните извикуваат „Малото диктаторче“, „Кај ви е началникот“ и „Дојдете со нас“ кон полицијата.