Актуелно
ИНФОМАКС: Група акционери со кривична петиција против Андреја Јосифовски – зошто Телма не пишува за ова?
Деновиве група акционери револтирани од криминалното расипничко работење на Андреја Јосифовски поднеле криминална петиција против него! Зошто истражувачите новинари од Телма не ја дифузираат вистината за криминалната петиција кон Андреја Јосифовски од страна на група акционери. Зарем ова не е доволен одговор на Европската заедница за енергија, прашува Инфомакс.
Андреја Јосифовски вешто, на еден уличен пристап преку новинарите на Телма постојано успева да ја извртува вистината без да одговори на фактите кои преку валидни документи беа изнесени во јавноста, а истите биле дефинитивно една од причините да група акционери конечно поднесат криминалната петиција против првиот човек на Макпетрол но и против неговиот партнер.
Имено, како што и објавивме во текстот „АНДРЕА ЈОСИФОВСКИ „РАЗГОЛЕН“: Акционерите прашуваат: КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“ , Андреја Јосифовски преку оф-шор компанија на Кипар и криминални шеми 20 години успевал да ги полни сопствените џебови и џебовите на своите блиски, без притоа капка срам и објаснување пред 2.636-те акционери каде се нивните пари?
Криминалните активности на Претседателот на У.О. на Макпетрол и неговите партнери им се добро познати на акционерите, поради кои како што дознава Инфомакс испратиле криминална петиција до четири државни органи. До редакцијата на Инфомакс пристигна документ од кој јасно се гледаат 4-те државни органи до кои што е испратена петицијата: Јавно обвинителство на Р. Македонија, Управа за Финансиска Полиција, Министерство за Внатрешни работи и Управа за финансиско разузнавање.
Имено, како што и јавноста и акционерите знаат, а Андреја Јосифовски ниту еднаш не се дрзна јавно да се произнесе за неговото богато искуство во користењето на оф-шор компанија за да ги оштети и манипулира акционерите на Макпетрол и самиот Макпетрол како правно лице. Документите кои излегоа во јавноста откриваат дека Андреја заедно со Милан Сотировски, во 1993 година, регистрирал офшор-компанија Petroimpex (Overseas) Limited во Кипар користејќи го Макпетрол како еднаков партнер во оваа компанија (50% – 50%)“преку која ги користеле ресурсите на Макпетрол како финансиска алатка во кипарска офшор-зона (во 1993- 2013 година Кипар е офшор-зона) за да направат профит за себе и да платат дел од него на Макпетрол. Ова го има и на ревидираните сметки, а токму тоа е болната точка на акционерите кои со години немаат добиено девиденда.
Со цел да ги сокрие криминалите и да го оттргне вниманието на јавноста, Андреја преку својата телевизија Телма продолжува со манипулациите. Откако професорот на Правниот факултет во Скопје, Александар Климовски јавно реши да го каже своето експертско мислење за преземањето на Макпетрол од страна на Балкан петролеум
Уште еднаш македонската јавност имаше можност да го види на дело непрофесионалниот однос на Телма телевизија која ја има улогата на дифузер на информации кои по својата содржина се невистинити во однос на намерите и целите на преземачот.
Откако во медиумите излегоа вистините за малцинските акционери во Макпетрол кои не добиваат дивиденда, а цената на нивните акции на пазарот вртоглаво паѓа во последните 6 години притоа и во својство на вработени во Макпетрол, добиваат намалени плати поради загубите кои ги трпи Макпетрол од штетните деловни односи со Оилко КДА, Јосифивски преку Телма го нападна раководителот на мастер студиите по корпоративно право на Правниот факултет „Јустинијан Први”, професорот Александар Климовски. Па сега би сакале да прашаме: Како е возможно човек за кој сеуште се води кривична постапка и кој пред извесен период беше тотално разголен во македонската јавност преку презентација на своите криминални шеми, се дрзнува да критикува и омаловажува врвен и докажан професорски лик преку својата телевизија? Зарем кажувањето на вистината од страна на професорот Климовски, наштетува на Макпетрол повеќе од штетното менаџирање години наназад од страна на Јосифовски? Кој, кого, најде да обвинува?
Но борбата за одбрана на Макпетрол од страна на Телма продолжува. Игнорирајќи ги сите случувања поврзани со својот газда и обидот за криење на демантот на професорот Климовски беше целосно непочитување на законот и газење на новинарските принципи и етика, за кои очигледно уредниците на Телма и нејзиниот директор никогаш и не слушнале, или пак кога станува збор за грбот на Андреја Јосифовски, се подготвени да ги згазат. Зарем за екипа на новинари кои се желни за истражувања, како што во последниве месеци можеме да забележиме со посетата на екипа на Телма дури до Рафо во Романија, каде што дефинитивно испукаа напразно, не се виде интересна приказната за иновативниот начин на збогатување на нивниот сопственик? Или пак и вистината за криминалната петиција против Јосифовски и партнерот поднесена на 5 Август не е доволно интересна?
Напротив сето ова, Телма мислејќи дека е умешна во “спинувањето” од криминалите на моменталниот менаџмент на Макпетрол продолжува со провидниот начин на одбрана на својата “мајка фирма”. Токму така деновиве се обиде да го одбрани Макпетрол преку уште едно искористување на Европската енергетска заедница, преку кое се дрзна да апелира за спас и до Владата. Но тука едно нешто е многу интересно. Зарем Европската Енергетската заедница пред да го прифати ангажманот на Макпетрол не провери кого треба да одбрани? Зарем не го прочита криминалното педигре на првиот човек на Макпетрол позади кој застана? Сигурно Европската Енергетска заедницата не е запознаена и со фактот дека Андреја Јосифовски ја доведе компанијата до 15 милиони загуба, а има остварени долгови кон добавувачи и банки во износ од 50 милиони евра! Да тоа е истата компанијата за која покажува загриженост за енергетската сигурност на Македонија! Не е верно дека е запознаена со сите овие работи штом чека одговор од владата на РМ!
Секојдневните информации кои што Телма Телевизија ги пласира во своите вести имаат за цел да го одвлечат вниманието на јавноста, особено на акционерите на кои им се пласираат невистини само за да се заташка недомаќинското и криминалното работење на Андреја и неговиот тим. Проблемот кој навистина постои е дека Јосифовски и неговата банда ги крадат акционерите со години, ги намалува платите на вработени во Макпетрол и притоа фирмата ја затрупува во долгови.
Сепак вистината е како шило и излегува на виделина. Факт е дека деновите на Андреја како претседател на Макпетрол се избројани, колку и тој тоа да го одолговлекува и колку и да пренесува невистини преку неговата Телма Телевизија. Акционерите повеќе не се играчки и полека ја откриваат вистината зошто немаат добиено со години дивиденда и зошто нивните плати во Макпетрол се намалуваат. Криминалната петиција поднесена неодамна е само почеток на битката во која Андреја е дефинитивниот губитник!