Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Иновациите во фокусот на 41-от по ред саем, Технома 2015!

Актуелно

Иновациите во фокусот на 41-от по ред саем, Технома 2015!

Повеќе од 185 директни од кои 135 домашни и 50 странски учесници ќе се претстават на 41-от Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита, ТЕХНОМА 2015, кој ќе се одржува од 13-ти до 17-ти октомври на Скопски саем, а се очекува посета од повеќе од 25.000 посетители.

Истовремено, за време на Технома ќе бидат отворени и 16-от Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35-та Меѓународна изложба на иновации, Макинова.

Трендот како и минатите години се малите и средните претпријатија, додека во фокусот на Технома 2015 ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и LED технологиите.

„Оваа меѓународна саемска манифестација секогаш му е потребна на стопанството, а за тоа говори фактот што целиот расположив простор на Скопски саем секоја година исполнува капацитет со површина од 12.000 метри квадратни. Потврда на меѓународниот карактер на Технома се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот. На Технома 2015 ќе учестуваат компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван (Taiwan External Trade Development Council) и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија (Taiwan Trade Center Sofia). ТАИТРА нуди кориснички услуги за промоција на производи и услуги, развој на пазарот, пронаоѓање на производи/снабдувачи, изложби/средби, поврзувања на бизниси и инвестиции. Исто така на Технома 2015 ќе се претстават и повеќе фирми од Унгарија, истакнуваат од Скопски саем.

Технома 2015 ќе се простира на 3 хали во кои ќе се преставуваат фирмите, во 4-та хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации и технолошки развој. Во 4-та хала се и стручните факултети со постер презентации на иновативните методи. Нивната идеја е да се поврзат компаниите со образованието и да се најде интерес за заедничко аплицирање за проекти во фондот. Во рамките на „Форумот за иновации и технологии“ организиран во соработка со Фондот за иновации и Скопски саем, секој ден ќе се одржуваат работилници на различни теми: „Финансирање на иновации“, „Соработка на развој на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.