Актуелно
Интензивиран патниот сообраќај надвор од градовите
Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е се уште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.
Од 27 април на клучките Петровец и Катланово во функција е нов режим на сообраќај. Кај клучка Петровец исклучувањето и приклучување на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Скопје – Велес, ќе се врши пред наплатна станица Петровец.
Исклучувањето и приклучувањето на автопатот А4 кон и од Петровец, пак, на патниот правец Велес – Скопје, ќе се врши после наплатна станица Петровец.
Се известуваат корисниците на автопатот дека сите возила кои поминуваат низ наплатна станица Петровец треба да плаќаат патарина, освен возилата кои се ослободени од плаќање патарина согласно Законот за јавните патишта. Возилата кои нема да платат патарина ќе бидат третирани како возила кои одбиле да платат патарина и за нив ќе бидат применети казнените одредби од Законот за јавните патишта.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по суви коловози, соопштуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.