Вести
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” – добитник на престижната BSC Special Achievement Award
Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на ИФФК „Браќа Манаки“. Директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, ја прими наградата на церемонијата на доделување на годишните награди на Британското здружение на кинематографери, која традиционално се одржува на почетокот на февруари во Лондон.
На оваа церемонија се доделуваат годишните награди на BSC за животно дело, за кинематографери на студентски, краткометражни и долгометражни филмови, серии и технолошки достигнувања. Настанот е еден вид на британски Оскари за луѓе од кинематограферската и сродните професии.