Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ирма го погоди крајбрежјето на Куба

Вести

Ирма го погоди крајбрежјето на Куба

Ураганот Ирма повторно се зајакна до бура од петти степен и го погоди крајбрежјето на Куба, а беше проследен со ветрови со максимална брзина од 260 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Ирма е на околу 485 километри од Мајами и се движи на запад со околу 20 километри на час. Се очекува ураганот утре изутрина да стигне до Флорида.

Властите во Флорида повикаа 5,6 милиони лица, над една четвртина од населението да се евакуираат пред налетот на Ирма.

Флорида е трета американска сојузна држава според бројот на населението, со околу 21 милион жители.

Гувернерот на Флорида Рик Скот веќе неколку дена ги повикува жителите на државата, особено оние кои живеат во крајбрежните региони да се евакуираат.

– Тоа е бура, која може да ве убие, затоа тргнете и се од патот, изјави портпаролот на Националниот центар за урагани на САД.

Две нуклеарни централи во Флорида ќе бидат затворени поради Ирма. Компанијата оператор „Флорида пауер енд лајт“ соопшти дека ќе ги затвори централите „Тарки поинт“ и „Сент Луси“ пред ураганот да стигне на копното.

Ирма ги погоди Куба и Бахамите, како и источниот дел на Карипскиот регион, нанесувајќи катастрофални штети. Биланост на жртвите изнесува 21, но постои можност тој да се зголемува.

Ураганот Катја го достигна мексиканското крајбрежје кај градот Теколутла. Бурата е од прва категорија и е проследена со ветрови од 120 километри на час. Метеоролозите очекуват во следните 24 часа намалување на моќта на Катја.

Во Атлантскиот Океан ураганот Хосе се зајакна речиси до бура од петта категорија со ветрови со брзина од 250 километри на час. Хосе и е на 430 километри источно од северните острови Лијворд.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.