Актуелно
Исчезнати малолетничка од Скопје и жена од Прилеп
Министерството за внатрешни работи соопшти дека две лица се пријавени за исчезнати.
Завчера околу 10 часот 15-годишно девојче од Скопје излегло и не се вратило дома по што мајката А.А.(41) го пријавила случајот во полициската станица Чаир.
Вчера претпладне, пак, околу девет часот во полициската станица Прилеп В.Т. (32) пријавил дека на 11 јуни околу 18 часот со најава дека ќе оди на прошетка, В.Т. (50) излегла од дома и до моментот на пријавувањето не се вратила.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето од Скопје и на жената од Прилеп.