Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Истекува рокот за составување на нова влада

Вести

Истекува рокот за составување на нова влада

Рокот за составување на нова влада истекува денеска на полноќ откако на 9 овој месец претседателот Ѓорге Иванов му го довери мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на партијата која на предвремените парламентарни избори освои најмногу гласови.

Демократската унија за интеграција се очекува денеска да донесе конечна одлука дали ќе партиципира во извршната власт. Претседателството на партијата до доцна синоќа на седница во Мала Речица ги разгледуваше сите пет опции – коалиција со ВМРО ДПМНЕ, со СДСМ или широка коалиција, да се оди во опозиција или на нови избори.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи доцна синоќа најави дека седницата на Претседателството ќе продолжи денеска.

– Се уште не се исцрпени сите аргументи по однос на опциите коишто ги има ставено ДУИ на маса. Консултациите продолжуваат. Полека сите аргументи се сведуваат на утврдувањето на платформата на ДУИ и условите коишто се поставени така што ќе очекуваме реакција од политичките партии на тие услови што ДУИ ги има поставено. Платформата на ДУИ е инкорпорирана во сеалбанската декларација, изјави Османи.

Куса изјава даде и лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој истакна дека се анализираат сите опции со цел да се донесе најдобрата одлука во корист на Албанците и на сите граѓани на Македонија.

– Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција. Ги анализираме сите опции за најдобрата одлука во корист на Албанците и за сите граѓани на Македонија без разлика дали се Албанци, Македонци, Срби, Роми или Власи. Дискутираме за сите опции, истакна Ахмети.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.