Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Итната медицинска помош со препораки до граѓаните за празниците

Вести

Итната медицинска помош со препораки до граѓаните за празниците

Умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хроничните болни редовно да ја земаат терапија, а оние кои постеле да внимаваат со внес на храна, препорачува во пресрет на прославата на Нова година и божиќните празници службата за Итна медицинска помош.

Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, како и да се воздржат од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје”-Скопје најавува дека за новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ Итната медицинска помош ќе  располага со 10 медицински тима и осум дежурни ординации  за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките  „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, „Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“, „Идадија“ и „Бит Пазар“. Истовремено со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

– Се надеваме на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки како би можеле новогодишните празници да ги  дочекаме  во весело и пријатно расположение за сите, наведува Здравствен дом Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.