Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Иванов бара спроведување на договорот од Пржино

Актуелно

Иванов бара спроведување на договорот од Пржино

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов повторно ги повикува лидерите на политичките партии да покажат одговорност кон граѓаните на Република Македонија, кон нивните и интересите на државата и да стават крај на политичката криза која предолго не оптеретува. Политичкиот договор кој беше постигнат за таа цел има јасни рокови и обврски. Крајно време е доследно, без натамошно одолговлекување, да го спроведат политичкиот договор од Пржино.

Претседателот Иванов во писмена изјава за медиумите оценува дека е недозволиво несериозното однесување и немањето чувство за одговорност и државност. – Не може да се избегнуваат обврските од договорот, а со тоа да се доведе во прашање европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија, како и просперитетот на граѓаните на Република Македонија, смета Иванов.

Република Македонија, нашиот регион и Европа, како што додава, се соочуваат со сериозни предизвици. Она што најмалку ни е потребно денес е продлабочување на политичката криза.

Претседателот Иванов изразува благодарност за севкупниот ангажман на меѓународната заедница, особено на еврокомесарот Јоханес Хан со цел спроведување на политичкиот договор, и ја поздравува подготвеноста на ЕУ за обезбедување на целосна поддршка и гарантирање на слободни и фер избори.

– Граѓаните на Република Македонија им ја дале довербата на политичките партии, не за да бидат заложници на нивните интереси и заложници на политички блокади, туку затоа што очекуваат партиите свесно и совесно да работат во интерес на државата. Граѓаните на Република Македонија очекуваат резултати, одржливи решенија и крај на оваа политичка криза, вели претседателот Иванов во писмената изјава.<

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.