Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИЗМИНУВААТ ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ: Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2017

Вести

ИЗМИНУВААТ ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ: Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2017

Стотици милиони луѓе во светот вечер на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови,… или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2016 и ќе ја пречекаат Новата 2017 година.

Град Скопје ја откажа традиционалната новогодишна прослава што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“. Околу два милиона денара кои беа планирани за организирање на пречекот, ќе бидат донирани во социјални цели.

Сепак, за најмалите предвидена е богата програма на улицата „Македонија“. Во 10 часот ќе биде изведена претставата „Брашко“, ќе има детски игри, магично шоу со Иван, новогодишна парада и дефиле на Снежната кралица. Дедо Мраз во 11:15 часот ќе го посети новогодишниот базар „Подари среќа“ на улицата „Македонија“, а во 11:30 часот ќе и се приклучи на новогодишната парада, а децата ќе можат да се дружат со него и со неговите помошници. Во 12:30 часот ќе има „Christmas mix“ со City Radio.

Новогодишна прослава вечер ќе има на  скверот „Јадран“ во организација на општина Центар. Забавата наречена „Град во градот 4“ ќе почне од 22 часот. На бината ќе се појават легендарните хип-хоп артисти од САФ, бендот „Филм“ на Јура Стублиќ и „Забрането пушење“.

Главниот град во пресрет на празниците е украсен со декоративни елементи и специјално осветлување. Централната новогодишна елка која е поставена на плоштадот „Македонија“ е висока 21 метар, и е осветлена со неколку илјади светилки и светлосни фигури, а ќе свети во различни бои.

Годинава првпат плоштадот „Македонија“ е декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел. Декорирањето го чини Град Скопје 12 милиони денари, а за новогодишното украсување беше задолжена фирмата „Линк медиа“.

Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди за време на празниците.

Новата 2017 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа. Последни ќе ја испратат 2016 жителите на Американска Самоа.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.