Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Какви измени носи новиот устав, Ердоган претседател до 2029 година?

Вести

Какви измени носи новиот устав, Ердоган претседател до 2029 година?

Турците на референдумот ги поддржаа уставните реформи, со кои на претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе му се дадат поголеми овластувања. 

Какви промени ќе им донесе на 79-те милиони жители на Туција новиот устав со 18 членови, кој ќе го замени актуелниот, донесен во 1982 година?

Претседателот ќе има посилна извршна моќ да именува истакнати официјални лица, вклучувајќи ги и министрите, Тој ќе може да одреди еден или повеќе потпретседатели, а функцијата премиер, која моментално ја извршува Бинали Јилдири, се укинува.

Ќе биде засегнати и правосудството, кое Ердоган го обвинува дека е под влијание на приврзаниците на неговиот некогашен сојузник, а сега противник имамот Фетулах Ѓулен, кого го обвинува и за организирање на неуспешниот обид за воен удар во јули минатата година.

Претседателот и Парламентот заедно ќе можат да изберат членови на Врховниот одбор на судии и обвинители, клучно правосудно тело, кое ги именува и разрешува носителите на правосудните функции.

Воените судови, пред кои им се судеше на офицерите, а кои смртна казна му изрекоа на поранешниот премиер Аднан Мендерес по пучот во 1960 година, ќе бидат забранети.

Се предвидува можност за воведување вонредна состојбна во случај на „бунт против татковината“ или „акти на насилство, кои ја довеле нацијата во опасност“. Вонредната состојба прво се воведува на шест месеци, за разлика од сегашните три, а потоа Парламентот на барање на претседателот може да ја продолжува на по четири месеци.

И бројот на пратениците нема да биде ист, ќе се зголеми на 600 од 550. Ќе биде намалена и старосната граница за влез во Парламентот, од сегашните 25 на 18 години.

Парламентарните избори ќе се одржуваат на секои пет години, наместо  на секои четири, а истиот ден ќе бидат одржани и претседателски избори.

Парламентот и натаму ќе има овластувања да носи, менува и укинува закони. Ако претседателот е обвинет или осомничен за некое кривично дело, Парламентот ќе може да побара истрага.

Претседателот мора да биде државјанин на Турција, со минимална возраст од 40 години и може да биде член на политичка партија. Тие измени ќе му овозможат на Ердоган да стане лидер на владејачката Партија на правдата и развојот во чие основање учествуваше.

Ердоган за претседател е избран во август 2014 година, откако повеќе од деценија мина на премиерската функција.

Новиот устав предвидува следните претседателски и парламентарни избори да се одржат на ист ден, на 3 ноември 2019 година.

Претседателот може да има максимум два пет годишни мандати, со што Ердоган на власт би можел да остане до 2029 година.

Три од вкупно 18-те точки на уставните измени веднаш ќе стапат во сила, а повеќето од измените ќе влезат во сила, откако во ноември 2019 година ќе бидат одржани истовремено претседателските и парламентарните избори.

Една од трите точки, кои веднаш стапуваат во сила се однесува на тоа што на Ердоган ќе му овозможат да се врати на чело на Партијата на правдата и развојот.

Втората точка предвидува преструктурирање на Високиот совет на судии и обвинители, технички независен орган, одговорен за назначување, унапредување, дисциплинирање и разрешување судии и обвинители. Овој орган ќе биде преименуван во Совет за судии и обвинители, а бројот на членовите ќе се намали од 23 на 13. Министерот за правда и неговиот заменик ќе бидат сметани за „природни членови“ на Советот, а од останатите 11, четворица ќе ги избира претседателот, а седум Парламентот. Новите членови ќе бидат избирани со мандат од четири години со можност за уште реизбор.

Третата точка се однесува на укинувањето на воените судови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.