Актуелно
Камења за специјалците – тензично пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО+ВИДЕО)
Со камења, пиротехника и тврди предмети дел од демонстрантите ја нападнаа полицијата распоредена пред полициската станица Беко во центарот на Скопје.
Дел од демонстрантите кои претходно протестираа пред Собрание против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари од власта и опозицијата се упатија кон Беко, пренесува Радио Слободна Европа.
Кордонот од специјалци кои со хермелини го чуваа седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во моментов е отворен и ги брка демонстрантите кон улиците.
Протестот кој до пред половина час беше мирен, ескалираше откако граѓантие од пред Собранието се упатија кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде во голем број специјалци не дозволуваа пристап кон седиштето на владејачката партија.
Дел од групата, меѓу кои и маскирани лица со камења гаѓаа кон специјалците, а дел иако ја смируваа ситуацијата ги прашуваа специјалците „Кого штитите, имате ли вие деца?“ Ситуацијата на терен се менува од минута во минута.