Актуелно
Карневалот во Вевчани – уличен театар без режија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Вевчанскиот карневал е уличен театар без режија за кој маските не се знаат до почетокот на манифестацијата, со исклучок на традиционалните Зет, Невеста и Глупавиот август.
Карневалот собра околу илјада маскирани Вевчанци кои уште еднаш преку симболични маски ја покажаа својата смисла за хумор и сатира.
Актуелни беа маските на бајачката на Груевски, милијардерот Џорџ Сорос, Шарената револуција, а Вевчанци порачаа дека американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли „е добредојден во Вевчани“.
„Локалната самоуправа и јас како градоначалник многу малку имаме удел во маските. Во разговор со претседателите на друштвата, од Горна и Долна Маала, и тие не можат да ги контролираат маските. Можеби има политички маски, но политичарите не треба да се навредат со тоа“., рече Угриноски.
ФОТО: МИА / ИВАНА БАТЕВ