Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Катица Јанева избрана за специјален јавен обвинител

Актуелно

Катица Јанева избрана за специјален јавен обвинител

Советот на јавни обвинителите доцна синоќа на предлог на Собранието едногласно ја избра Катица Јанева за специјален јавен обвинител, со што се испочитува крајниот рок предвиден со договорот од Пржино за надминување на политичката криза.

Јанева ќе има задача да ги гони кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.

Таа денеска треба да даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители, со што и официјално ќе ја преземе новата должност.

Пратениците во Собранието на Република Македонија, претходно синоќа го утврдија предлогот Катица Јанева да биде специјален обвинител и го донесоа Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка.

Катица Јанева доаѓа на новата должност од местото обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија, каде што работеше од 2003 година.

Родена е на 09.02.1965 година. Студирала на Правен факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосуден испит положила во 1996 година. Учествувала во повеќе проекти надвор од Македонина за борба против организиран криминал и корупција. Член е на работна група избрана од Здруженито на јавни обвинители на РМ за нацрт закон за јавна постапка. Работи и како предавач на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.