Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божиќ

Актуелно

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божиќ

Католичките верници и дел од православните христијани кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.

На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски со сопругите, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака:

– Браќа и сестри во оваа Света ноќ која е посјајна и од најсветлиот ден, заедно се радуваме празнувајќи го празникот на Христовото раѓање. Денес го славиме тој прекрасен настан, влегувањето на Бога во нашата човечка историја со раѓањето во Витлеем, тој неискажлив дар, Бог кој стана човек. Бог доаѓа како што рековме да создава нов човек во Исус Христос. Тој започнува нов земски живот со радикални промени на вредностите што во текот на историјата стотина пати се извртени, трансформирани и неавтентични. Започна живот на човек на начин што го допира најнискиот слој на човечкото општество, а тоа е сиромав меѓу сиромасите, бездомник и странец меѓу своите. Со самиот чин на раѓање надвор од градот во штала, носи јасна порака за тоа на што се би требало човек да биде чувствителен и во ова наше време, во оваа култура и цивилизација. Денес, кога несразмерно расте бројот на сиромашните, раселените и бездомниците, а се поголем е расчекорот со малиот број на арогантно богатите и моќни, нашиот поглед не упатува во насока во која христијанинот би можел да го препознае својот Бог кој стана човек. Св. Мајка Тереза, нашата сограѓанка, на еден од најдобрите начини порачала и му порачува на светот дека Бог – Исус Христос – новороденото дете можно е да се препознае, да му се служи и да му се поклонува во најсиромашните меѓу сиромашните. Тоа е така, зашто името кое Ангелот го навести и дека детето ќе се нарече Исус –Јешуах значи Спасител. Подоцна самиот Исус рекол, дека не дошол да ги спасува праведните, туку грешните и дека здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Со други зборови стана човек за да го преобрази нашето човештво и за да можеме со достоинство да го носиме тоа име. Да се биде човек. Како и во времето на Неговото раѓање така и во наше време постои диференцијација на богати и сиромашни, праведни и грешни, моќни и немоќни. Ние сме, сепак, во групата со оние кои за себе во длабочината на срцето чувствуваат дека не се совршени и дека се грешни и дека би сакале да бидат поинакви. Да се обидеме да направиме уште еден чекор кон себе, а тоа е: да влеземе во себе и да го исчистиме своето срце од гордоста и од себичноста и да стекнеме ново срце како Витлеемските пастири. Ве повикувам сега на куса тишина и да се обидеме да го слушнеме тој ангелски хор…. тоа е мојата желба, молитва и честитка за овој Божик. Нека Бог, новородениот Господ Исус Христос ни прозбори во нашите срца. Среќен и благословен Божик на сите вас овде присутни, на оние кои не следат преку малите екрани и оние кои не слушаат преку радиоприемниците, на оние кои се наоѓаат на своите работни места, здравствените работници, војската, полицијата, пожарникарите, болните и немоќните. Нека Малиот Исус на сите им донесе радост и мир. Христос се роди!, истакна бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.