Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Коњаниците од Горно Лисиче тргнуваат за Крушево

Вести

Коњаниците од Горно Лисиче тргнуваат за Крушево

Дваесеттина коњаници од Горно Лисиче денеска ќе го почнат 39. „Илинденски марш 2017“ кој треба да заврши на 2 август во Крушево. 

Маршот почнува попладне, од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром.

Придружувани од фаланга од дваесетина членови и играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните, коњаниците ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината. Пред нивното свечено испраќање, во црквата ќе се одржи свечена литургија на која свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево.

Коњаниците кои се на возраст од 18 до 65 години, а меѓу нив има и една девојка, по пристигнувањето во Крушево ќе се приклучат на прославата по повод најголемиот национален празник – Илинден.

Коњичкиот марш го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а традиционален покровител е општина Аеродром. Се очекува претседателот на Советот на општината Виктор Камилоски на коњаниците да им го предаде општинското знаме, со што маршот и официјално ќе стартува.

Пред испраќањето на илинденците ќе се организира и музичка програма. Во манифестацијата е вклучена и Општинската организација на Црвениот крст „Кисела Вода“ која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ ќе одржи крводарителска акција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.