Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Коњаниците тргнуваат за Крушево

Вести

Коњаниците тргнуваат за Крушево

Илинденскиот марш 2018“ денеска ќе стартува во 17 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која традиционално е покровител на овој коњички марш. Ќе заврши на втори август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Градоначалникот на Аеродром Златко Марин на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме со што официјално ќе стартува јубилејниот 40-ти коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Во рамки на манифестацијата дваесетина коњаници придружувани од игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Во 19 часот коњаницата пристигнува во црквата и почнува вечерната програма. Пред свеченото испраќање на коњаниците од Горно Лисиче, на возраст од 18 до 65 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија и се организира свечена музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.

Општинската организација на Црвениот крст „Кисела Вода“ во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција од 17:30 до 20 часот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.