Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

КОЅИАС ВО СКОПЈЕ: Напори да се нормалиираат односите со Македонија

Вести

КОЅИАС ВО СКОПЈЕ: Напори да се нормалиираат односите со Македонија

Денешната посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Скопје е во рамките на процесот за нормализирање на односите меѓу Грција и Македонија, по воспоставуваето нова власт во Скопје, пишува „Катимерини“.

Речиси сите грчки медиуми денеска јавуваат дека Коѕиас е во посета на Скопје, каде ќе се сретне со својот колега, Никола Димитров, а ќе биде примен и од премиерот Зоран Заев, претседателот на државата Ѓорге Иванов, вицепремиерот за односи со ЕУ Бујар Османи и претставници на политички партии во земјата.

Во Грција се потсетува дека посетата е подготвувана последните два месеци, и оти завчера во Атина се одржа уште еден состанок за Мерките за градење доверба меѓу двете земји. Токму мерките за градење доверба ќе бидат главна тема во разговорите на Коѕиас во Скопје, но јасно е дека се се врти околу спорот за името, за кој никој не верува дека нема да се спомене, анализираат грчките медиуми.

„Сите страни сметаат дека е прерано да се дебатира за изнаоѓање компромис за решавање на прашањето за името, иако сите признаваат дека последните месеци од 2017 и првите шест месеци од 2018 година може да бидат критични во однос на можен договор меѓу Атина и Скопје. Политичките рамнотежи се крајно тешки за двете земји, но за владата на Заев, која беше формирана со големи потешкотии и откако земјата се најде на работ на колапс, членството во НАТО е цел за опстанок“, пишува „Катимерини“.

Според весникот, за Атина работите се поедноставни, иако полека но сигурно, се интензивираат притисоците од европските земји и САД за решавање на спорот кој се уште е проблем во турбулентниот регион на Западен Балкан. Од страна на грчката Влада, постои прилично обемен процес за тоа што може да се случува во периодот што следува со цел постигнување договор со Македонија, додава „Катимерини“.

„Денеска двајцата министри за надворешни работи ќе одржат прес-конференција. И покрај тоа што се уште не е познато што ќе биде кажано, Коѕиас постојано повторува дека Атина очекува некои потези на добра волја, кои ќе покажат дека Владата на Заев се разликува од националистичката тактика на Груевски“, коментира весникот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.