Вести
Коледарски огнови во повеќе скопски маала (ФОТО)
Дел од скопјани не го послушаа апелот од градските власти и од Македонската православна црква и вечерва запалија коледарски огнови.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги повика граѓаните да се воздржат од палење коледарски огнови на отворено пред Бадник. Тој поддршка доби и од градоначалниците на сите скопски општини, кои годинава донесоа одлука за забрана за доделување дрва од општините за таа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во главниот град.
И Македонската православна црква апелираше да не се палат бадникарски огнови и на верниците им порача дека местото на празнување е во црквата, а не крај огновите бидејќи овој обичај не е во духот на христијанската традиција.