Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

КОЛЕДЕ: Златните славејчиња на Бадник кај семејството Иванови (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вести

КОЛЕДЕ: Златните славејчиња на Бадник кај семејството Иванови (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На Бадник во пресрет на големиот христијански празник Божик, денеска семејството на претседателот на државата Ѓорге Иванов го посетија децата од хорот „Златно славејче“ кои со песната „Вечен е Бог“ го најавија Христовото раѓање.

Сопругата на претседателот, Маја Иванова изјави дека како семејство ја даваат нивната целосна поддршка на иницијативата за возобновување на Божикната литија, која, како што истакна на најдостоинствен начин го најавува Христовото раѓање.

133516157133516153133516152133516151133516149
<
>

– Денес нашиот дом е исполнет со детски џагор, смеа и позитивна енергија и на најдостоинствен начин го одбележуваме Христовото раѓање. Ова се моменти кога секој на секого посакува здравје, среќа, многу љубов, радости, кога сме со нашите семсјтава, со блиските, пријателите. Но, не смееме да заборавиме да бидеме солидарни со оние на кои што им е потребна нашата помош – на изнемоштените и на болните. Сакам на сите православни верници да им посакам преубава Бадникова вечер и да им го честитам големиот христијански празник – Божик. Нека Христовата светлина внесе многу расоти, здарвеј среќа и успеси во секој дом, порача Иванова.

На децата семјството Иванови им подарија пригодни пакетчиња.

Иницијативата за возобновувањето на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на „Вечниот Бог“ потекна од свештенството на МПЦ-ОА. Според Црквата, радува будењето на оваа стара православна традиција, која од година во година зафаќа се поголем број градови и повторно навлегува во нашето секојдневие.

Во Скопје и во уште неколку градови во Македонија денеска се организираат детски бадникарски поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик. Децата учесници во бадникарските поворки ја пејат песната „Вечниот Бог“ и носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и  ѕвезди што ја симболизираат  ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.

Со божикната каланда (песна) „Вечниот Бог“, им се објавува доаѓањето на Спасителот во тело. Песната е многу древна, води корени уште од некогашнто Римско царство, што културолошки продолжи да живее кај православните народи кои се негово духовно и цивилизациско наследство. Сведоштво за универзалниот карактер на оваа каланда се бројните нејзини напеви  кои се среќаваат од Европа, преку Азија, па сѐ до Африка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.