Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

КОЛЕСКА: „Младите сѐ повеќе даруваат крв“

Актуелно

КОЛЕСКА: „Младите сѐ повеќе даруваат крв“

Од 9 часот кога почна традиционалната крводарителска акција која денеска се организира во Домот на АРМ по повод празникот Голема Богородица, до 12 часот над 120 граѓани дарувале крв.

Акцијата, која по 14-ти пат ја организира Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, ќе трае до 17 часот.

Секретарот на Општинската организација на Црвен крст Центар, Валентина Колеска истакна дека крводарителска акција станала препознатлива традиција во Скопје и пошироко. Таа укажа на големата хуманост од страна на граѓаните на градот Скопје.

– Се надеваме дека оваа година ќе ја надминеме бројката од 242 крводарувања кои ги остваривме минатата година. Пред 14 години дарителите кои првпат дојдоа на оваа крводарителска акција редовно даруваат крв. Особено за поздравување е фактот што денеска можеме да видиме многу млади кои првпат даруваат крв. Околу 30 проценти од оние кои пристигнаа на крводарителската акција се првократни дарители на крв, рече Колеска.

Нагласи дека луѓето редовно даруваат крв и додаде дека им доделувале признанија на лица кои 115 пати дарувале крв.

– Уште две крводарителски акции се реализираат денеска и тоа на Матка до 13 часот и во комплексот на манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка до 19 часот, рече Колеска.

Крводарителот Горанчо Петрески изјави дека по 15-ти пат учествува во крводарителска акција и ќе продолжи да дарува крв.

– Чест ми е да спасам нечиј живот. Сакам сите да бидат здрави. На овој денешен ден Голема Богородица би посакал сите да бидат среќни, весели и здрави, додаде Петрески.

Крводарителот Никола Маџаревски рече дека по 57-ми пат учествува во крводарителска акција и ќе продолжи да дарува крв.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.