Вести
Кралскиот „Реал Мадрид“ ја одбрани круната и во Скопје (ЕКСКЛУЗИВНА ФОТОГАЛЕРИЈА)
Реал Мадрид е победник на Суперкупот на Европа со фантастично одиграниот натпревар вечерва на „Телеком арената“ во Скопје.
„Кралевите“ славеа со 2-1 (1-0) против Манчестер Јунајтед, откако беа подобар противник од Англичаните во две третини од натпреварот. Така Реал Мадрид е првата екипа по 28 години која го одбрани Суперкуп трофејот.
Во завршницата, на теренот влезе и најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој сепак го започна мечот од клупата за резерви, а скопската публика го награди со аплауз.
Домаќинот Скопје се покажа во одлично светло и беше претставен како светска метропола пред глобалниот аудиториум кој вечерва го гледаше натпреварот ширум светот.