Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кривична пријава за убиецот на стружанецот Асани

Вести

Кривична пријава за убиецот на стружанецот Асани

Дваесет и три годишниот А.К. од струшкото село Велешта доби кривична пријава за „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“, информира на денешната прес-конференција портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицето е осомничено за вчерашното убиство на Аргетим Асани (42) од Струга. Пријавениот на улицата „Маркс и Енгелс“ од пиштол испукал 14 истрели и го убил Асани.

– Настанот се случил во момент кога сега починатиот излегувал од деловен објект лоциран на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Голф“ сребрена боја излегол осомничениот и од пиштол испукал 14 куршуми кон Аргетим А., кој на пат кон Општата болница во Струга подлегнал на повредите, појасни Димоски.

Смртта, додаде тој, е констатирана од лекар во хируршкото оделение при општата болница во Струга.

– По извршениот криминалистичко технички увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и по други преземени мерки, полициските службеници извршија претрес во домот на пријавениот А.К., при што во дворот е забележано патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски таблици. Во багажникот од возилото пронајден е пиштол марка „ХС“ со рамка без муниција, истакна Димоски.

Пронајдените предмети привремено се одземени, а пиштолот е предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.