Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Лекарска помош на ТОАРИЛУЦ побарале 65 пациенти

Вести

Лекарска помош на ТОАРИЛУЦ побарале 65 пациенти

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар во Скопје во текот на вчерашниот ден и ноќта лекарска помош побарале 63 пациенти.

Од нив, седум се хоспитализирани и тоа четворица на неврохирургија и по еден пациент на трауматологија, пластична хирургија и дигестивна хирургија.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, доктор Илир Хасани изјави дека пациентот примен на трауматологија има скршеница на бутната коска здобиена во сообраќајна незгода во Велес. Тој е примен утрово и врз него се врши оперативен зафат.

Од истата сообраќајна незгода повреден е уште еден пациент којшто е упатен на Клиниката за максилофацијална хирургија.

На неврохирургија примени се четворица пациенти од кои еден е со здобиена повреда во сообраќајна несреќа околу 20 часот. Вториот пациент е со повреди здобиени при пад во домот и врз него е извршен оперативен третман. Третиот пациент е примен како цереброваскуларен инзулт, а последниот со потрес на мозокот.

Двајца пациенти повредени во тепачка кои побарале лекарска помош се пуштени на домашно лекување, а уште еден пациент повреден во сообраќајна несреќа е пуштен на домашно лекување.

Во текот на вчерашниот ден на ТОАРИЛУЦ не се примени пациенти повредени од петарди или слични пиротехнички средства.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.