Вести
Локалните избори започнати на време и без поголеми проблеми
Во општините во Македонија гласањето на шестите локални избори почна навреме, во 7 часот, според извештаите од општинските изборни комисии. Засега изборниот процес тече непречено и без проблеми.
– Сите гласачки места на кои Граѓанската асоцијација МОСТ има набљудувачи се отворени. Доцнење е забележано на шест избирачки места, а на пет избирачки места набљудувачите на МОСТ регистрирале помали неправилности, соопшти МОСТ на прес-конференција.
Граѓанското здружение Цивил оцени дека изборниот ден почнал мирно со помали технички нерегуларности.
Денешните локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Град Скопје.
Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас на Локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.