Актуелно
Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица во септември догодина
Папата Франциско потпиша одлука за признавање на чудото кое и се препишува на Мајка Тереза, а кое е потребно за да биде прогласена за светица, соопшти Ватикан.
Како што објави „Авенире“, службениот весник на италијанската Католичка црква, папата вчера попладне ја потврдил својата одлука.
Италијанските медиуми шпекулираат дека канонизацијата на Мајка Тереза ќе биде извршена во првата недела од септември следната година.
Мајка Тереза, која почина во 1997 година на 87-годишна возраст, во 2003 година ја беатификува папата Јован Павле Втори.
Беатификацијата, за која е потребно признавање на едно чудо, е последен чекор пред прогласување за светец.