Актуелно
Маглата го отежнува патниот сообраќај, воздушниот без проблеми
Маглата која утринава е присутна во одделни котлини во државата предизвикува отежнато движење на возилата на неколку патни правци, додека воздушниот сообраќај засега се одвива без проблеми.
Според информацијата на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите патишта се одвива без забрани по суви коловози во пониските и наместа влажни коловози на повисоките места. Намалена видливост до 50 метри има во Маџари, Дебар, Демир Капија и Петровец и до 100 метри во Неготино.
На скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани полетувања и слетувања, освен летовите за Истанбул кои се откажани.