Актуелно
Македонија го одбележува Денот на НАТО
Во Скопје денеска ќе биде одблежан Денот на НАТО, односно денот кога пред 67 години беше формирана Северноатлантската алијанса.
На свеченоста во Домот на АРМ, како што е најавено, ќе се обрати министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски.
На одбележувањето што го организираат Министерството за одбрана и Евроатлантскиот совет на Македонија, ќе бидат презентирани историјата, вредностите и целите на НАТО, како и значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.
Денот на НАТО е настан што традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден 1949 година, 12 земји, во Вашингтон го потпишаа Договорот со кој се конституира Северноатлантската алијанса.